Богдановиќ: Успешен и среќен почеток на првачињата во ООУ „Коле Неделковски” (ФОТО)
Денеска со моите колеги од Општина Центар, претседателката на Советот, Цветанка Симоновска, претседателката на Комисијата за образование, Биљана Чурилова и раководителката на секторот за Јавни дејности, Јагода Јанковска имавме чест да им посакаме успешен и среќен почеток на првачињата во ООУ „Коле Неделковски”, напиша на Фејсбук Саша Богдановиќ, градоначалникот на Општина Ценар.
Препорачано

-На креативен начин, тимот од училиштето симулираа наставен час на отворено за првачињата и преку музичко-сценски настап од страна на учениците, ги презентираа насоките и мерките кој секој ученик треба да ги почитува за безбедна реализација на наставата. Како локална самоуправа, свечениот прием на ученици го спроведовме во сите основни општински училишта, согласно безбедносните протоколи и новите адаптирани услови за настава- стои во објавата на Богдановиќ.
?Денеска со моите колеги од Општина Центар, претседателката на Советот, Цветанка Симоновска, претседателката на…
Publiée par Саша Богдановиќ sur Vendredi 25 septembre 2020
Во наредните денови, Општина Центар започнува со целосна дезинфекција на сите основни училишта, пред самиот почеток на новата учебна година.



