Близу 10 илјади евра ќе им плати државата на адвокатите на Груевски

Груевски по правосилноста на пресудата за предметот „Тенк“ избега во Унгарија каде побара и доби азил. / Фото: Слободен печат

Државата ќе исплати судски трошоци во висина од 589.680 денари или 9,5 илјади евра за бранителите на поранешниот премиер Никола Груевски на кого му застаре делото за случајот „Траекторија“.

Ваква пресметка направи „Коалицијата за правично судење“, врз основа на податоци од мониторирани рочишта за главна расправа.

Пресметка на судските трошоци за одбраната на обвинетиот Никола Груевски кои што државата ќе треба да ги исплати поради тоа што настапи застареност на кривичното гонење во предметот „Траекторија“

Publiée par Коалиција Сите за правично судење (Coalition All For Fair Trials) sur Jeudi 21 novembre 2019

 

Имено, Кривичниот суд на 13 овој месец донесе решение со кое се запира постапката против пребеганиот поранешен премиер, Никола Груевски, за случајот „Траекторија“, кој се однесува на изградба на кинеските автопатишта во земјава, каде буџетот на државата беше оштетен за 155 милиони евра

Груевски засега правосилно е осуден во случајот „Тенк“ на две години затвор за кривично дело примање награда за противзаконито влијание, но казната не ја отслужува бидејќи побегна во Будимпешта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот