Благајник си присвоил 2.200 евра

Штипјанецот од МВР е осомничен за проневера во службата.

Штипската полиција поднесе кривична пријава против 24-годишниот С.З. кој од МВР е осомничен за проневера во службата.

Тој бил вработен во Јавното претпријатие „Исар“. Според полицијата, со намера за себе да прибави противправна имотна корист во текот на јануари годинава во две прилики присвоил 135.241 денари. Првиот пат на 22 јануари му биле дадени 26.041 денари за да ги однесе од наплатниот центар во населбата Сењак до благајната на ЈП „Исар“, а во вториот случај, само седум дена подоцна му биле дадени 109.200 денари, кои му биле доверени да го уплати во банка во Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот