Бизарно семејство кое сепак функционира: Таткото е во врска со бившиот на ќерката

бизарно семејство
ФОТО: Инстаграм

Бери и Тони биле првиот истополов пар на родители запишани во извод во Велика Британија. Првороденчињата кои се близнаци им се викаат Шафран и Аспен. Сега тие се мулти милионери со сурогатски бизнис и глобална фирма за медицинско истражување, пренесува „The Sun“.

геј родители
ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

Шафран и нејзиниот брат Аспен биле зачнати со помош на донаторските јајце клетки на една жена, и биле износени во утробата на сурогат. Бери бил биолошки татко на едното, а Тони е татко на другото дете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barrie Drewitt-Barlow (@donbarrie)

Аспен имал идентичен близнак – Орландо. Ова е затоа што ембрионот од кој се родил Аспен се поделил на два дела во лабораторијата. Другата половина била оставена на мраз четири години пред биде износена во утробата на една жена наречена Дона.

Бери и Тони имаат и втор сет близнаци, Далас и Џаспер, родени пред 11 години откако Дона повторно била сурогат. Овој пат јајце клетките биле од бразилска манекенка, која Бери ја забележал на модна писта и ѝ платил 35 000 фунти.

Бери и Тони се разведиле низ годините, но останале да живеат заедно. Во меѓувреме Бери го запознал својот сегашен партнер на малку необичен начин. Сега 50-годишниот Бери се отворил за животот со неговиот партнер Скот (27) и нивното бебе Валентина во шоуто „Моето необично семејство“.

„Многу луѓе мислат дека е чудно што сум во врска со бившиот на ќерка ми. Ги гледам сите силни на тастатурата. Гледам што пишуваат. Но, мене ме забавува!”

Бери живее со сите шест свои деца, неговиот партнер Скот и поранешниот сопруг Тони и неговиот нов партнер Брент.

Говорејќи за нивната прва средба, Бери рекол: „Дефинитивно ме привлече Скот во моментот кога го запознав, мислам дека е прекрасен. Сакав да му ја искинам облеката и веднаш да го однесам во кревет“.

Нивната прва средба не била како двајца потенцијални партнери, туку тој бил дечко, кој се сретнал со таткото на неговата девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barrie Drewitt-Barlow (@donbarrie)

 „Значи, кога Скот почна да зборува за својата сексуална ориентација, тој не сакаше да им соопшти на своите родители дека е хомосексуалец. Значи, тој и Шафран, направија план да кажат дека Шафран всушност била неговата девојка, но всушност тие не беа пар. Тоа ја чуваше нашата врска во тајност”, вели Бери.

„Никогаш не била во врска со Скот, тој беше само мојот најдобар пријател“, рекла Шафран.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saffron (@saffron_db)

„Дури и да ѝ беше момче на мојата ќерка, мува немаше да ме полази за да го имам“, рекол Бери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот