Филип Рајмунд/ EPA/HANNIBAL HANSCHKE

Бизарно: Освои олимписко злато во ски-скокови, а се плаши од висина

Германскиот ски-скокач Филип Рајмунд приреди пријатно изненадување на Зимските олимписки игри, освојувајќи го првото место во дисциплината ски-скокови на нормална скокалница. За 24-годишниот Германец ова воедно претставува и најголемиот успех во кариерата, но победата добива уште поголема тежина поради еден необичен детал од неговиот живот.

Иако настапува во еден од најризичните и најекстремни зимски спортови, Рајмунд со години отворено признава дека се бори со страв од висина, парадокс кој ретко се среќава во светот на ски-скоковите. Германецот досега успеваше да го држи под контрола овој психолошки предизвик, но не секогаш тоа му поаѓало од рака.

Минатата сезона, токму поради овој проблем, тој беше принуден да се откаже од настап на едно натпреварување, одлука што тогаш привлече големо внимание.

„Многумина ме прашуваат зошто не скокам, но некои веќе и знаат – имам страв од висина. Тоа е причината“, изјави тогаш Рајмунд, без да крие со што се соочува.

Очигледно, за настапот на Олимписките игри, германскиот ски-скокач пристигна максимално подготвен на психолошки план, успеа целосно да го надмине стравот и да го претвори во мотивација, крунисувајќи го настапот со историска победа и злато.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот