Битола се подготвува за примена на мерката промена на печки за греење со инвертери

фото: Слободен печат

Општина Битола се подготвува за користење на владината еко-мерка предложена од Министерството за животна средина и просторно планирање за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уред за домаќинствата кои се греат на дрва или други не еколошки начини на греење.

На прес – конференција во Битола, советникот Татјана Крнчева, претседател на комисијата за животна средина во Советот на Општина Битола соопшти дека во овој град и во оваа фаза субвенција ќе може да искористат 2.500 домаќинства.

– Со оваа мерка, во првата фаза, во Кичево, Тетово, Битола и во Скопје, ќе бидат опфатени 10.000 домаќинства, а од нив, во Битола ќе бидат субвенционирани 2.500 семејства. чии вкупни приходи се до 30.000 во текот на еден месец. За начинот и текот на постапката за замена на печките на тврди и фосилни горива со инвертер клима уред, граѓаните ќе бидат детално информирани низ кампања од јавен интерес, истакна Крнчева..

Како што е познато, за реализација на оваа еколошка мерка и за имплеметација на субвенционирањето на граѓаните АД ЕСМ обезбеди 10 милиони евра, а секое домаќинство опфатено во оваа фаза ќе располага со 1.000 евра со кои ќе може да набави ефикасен инвертер клима уред.

– Инвертерот е еден од најеколошките начини за греење, но и најевтините. Компаративна анализа за вкупни трошоци за греење на површина од 60 квадратни метри покажа дека со греење со клима уред едно домаќинство би го чинело 11.734 денари, додека греење со дрва чини 58 отсто повеќе, греење со палети е 125 отсто поскапо, со панел радијатор 205 отсто или греење со нафта е поскапо за 267 отсто споредено со трошоците за греење со инвертер, појасни Крнчева.

Паралелно со владината акција, Општина Битола деновиве спроведе јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Битола за купување клима уреди-инвертер за што локалната самоуправа обезбеди 2,5 милиони денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот