БИТКА НА МИЛИЈАРДЕРИТЕ: Бил Гејтс повторно ја презема титулата за најбогат човек на светот од Џеф Безос

Фото: ЕПА

Основачот и генерален директор на компанијата „Амазон“ Џеф Безос ја загуби титулата на најбогат човек на светот, отворајќи го патот Бил Гејтс од „Мајкрософт“ повторно да ја земе оваа престижна титула. Причината поради која првиот човек на „Амазон“ е на второ место се загубите на вредноста на акциите на неговата компанија за 7 милијарди.

Акциите на „Амазон“ паднаа за 7 отсто вчера, намалувајќи ја вредноста на Безос на 103,9 милијарди долари. Од друга страна, коосновачот на „Мајкрософт“ Гејтс моментално вреди 105,7 милијарди долари.

Токму Безос ја прекина 24-годишната низа по ред на Гејтс како најбогат човек на светот во 2018 година, и стана првиот човек на планетата кој има 160 милијарди долари.

„Амазон“ пријави намалување на нивниот нето приход за 26 отсто во третата четвртина од оваа фискална година, што е прво намалување на профитот уште од 2017 година, објави „Форбс“.

Гејтс дебитираше на листата на „Форбс“ како прв милијардер во светот во 1987 година, кога тој вредеше 1,25 милијарди долари. Безос првпат се приклучи на „Листата 400“ на „Форбс“ во 1998 година, една година откако неговата фрима излезе на јавна котација, со вредност од 1,6 милијарди долари.

Вреди да се напомене дека Џеф Безос се разведе од неговата сега поранешна сопруга во април оваа година, во најскапата бракоразводна парница во историјата, во која Мекензи Безос доби акции во вредност од 36 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот