Битиќи: Не потрошивме ни денар за Барок и жални врби, а спасивме 80.000 работни места

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Владејачката СДСМ ги надминала ветувањата – смета потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи. Тој во вечерашното издание на Вин Вин порача дека владата на СДСМ спасила 80 илјади работни места, просечната пензија и плата ги зголемила повеќе од ветеното, а не потрошиле ниту еден денар за барокни фасади, жални врби и споменици, туку ги вратиле во стопанството. Секој денар што се задолжиле го вратиле како инвестиција кај луѓето.

Запрашан за прогресивно оданочување, кое беше едно од најзначајните најавувани политики на нивната влада, во новата програма тоа е заменето и повторно се враќаат на 10-те проценти на рамно оданочување.

„Прогресивното оданочување велиме дека е дел од вредностите, дел од идеолошката матрица на социјалдемократите, но нашите анализи укажуваат дека до сега сѐ уште не се створени условите за да имате целосно аплицирање на прогресивното оданочување на начин на како различни експерти, различни чинители го сфаќаат прогресивното оданочување. Но, одиме еден чекор и се доближуваме до тоа, а тоа е воведуваме нула посто персонален данок, или данок на доход за примателите на минимална плата. Првично, затоа што сметаме дека тоа е поправедно, нема зошто да ги оданочувате оние што имаат најниски приходи, рече Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот