Фото: Влада на РСМ

Битиќи ја пречека косовската претседателка Османи-Садриу

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи утрово на граничниот премин Блаце, заедно со Шпреса Јусуфи, амбасадор на Република Косово во земјава и амбасадорот Гоце Карајанов, посебен советник на претседателот Пендаровски за надворешна политика, ја пречекаа претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу.

Од прес-службата на Владата соопштија дека вицепремиерот Битиќи е дел од делегацијата на Претседателот на државата Стево Пендаровски кој е домаќин на претседателката Османи-Садриу и ќе учествува на пленарниот состанок на делегациите на Северна Македонија и на Косово, по што е предвидена и заедничка прес- конференција на претседателите на двете држави.

По средбата, Пендаровски и Османи-Садриу ќе ја посетат црквата „Св. Спас“ каде ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев. Според најавите, косовската претседателка ќе се сретне и со со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија.

Претседателката Османи-Садриу е во дводневна посета на земјава, а утре ќе го посети Тетово каде ќе се сретне со градоначалникот Билал Касами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот