Бисер на Европа: Овој град ќе ви плати 55.000 евра за да се преселите кај нив – ова е единствениот услов

Фото: Инстаграм

Живот во кој би можеле да се опуштиме, да читаме книги, да гледаме филмови, да поминуваме онолку време колку што сакаме во својот домот, а сепак да заработуваме многу е нешто што многумина од нас го сонуваат.

Но, што ако ви кажеме дека овој сон можеби може да го остварите?

Да, може да го живеете овој живот. Албинен, швајцарски град, им нуди пари на луѓето кои се подготвени да се преселат таму. Ако се прашувате како е тоа можно и што доколку тоа е измама, бидете сигурни затоа што овој предлог дошол директно од нивната влада.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ALBIJOU (@albijou.ch)


За разлика од поголемиот дел од земјите и градовите со растечка популација, Албинен во Швајцарија се соочува со голем морталитет, со само 240 луѓе кои останале во градот, така што нивната влада е подготвена да плати повеќе од 60.000 долари, односно повеќе од 55.000 евра или повеќе за четиричлено семејство кое е подготвено да се пресели таму.

За самци, понудата исто така важи, но парите сигурнo ќе бидат помалку.

Секако дека треба да размислите и за проблемите кои овој швајцарски град би можел да ги има поради кои луѓето кои во него првобитно живееле, се иселиле. Пред сè, тоа би можело да биде недостаток на можноста за вработување, но за дигиталните номади, на пример, овој град би бил оној од соништата.

Освен тоа, прекрасниот планински град опкружен со поглед кој го одзема здивот, е рај за живеење. Мирно е, има феноменален квалитет на воздухот и долги сончеви часови во текот на цела година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ALBIJOU (@albijou.ch)

Сепак, не е сè бесплатно, има и услов

Сега, сите знаеме дека ништо не е бесплатно. Значи, за да уживате во животот од соништата и да ја зграпчите оваа прекрасна сума, сè што треба да направите е да се обврзете дека таму ќе живеете најмалку 10 години, да потврдите дека имате 45 години или помалку, да купите земјиште и да изградите една од своите куќи таму или да се вселите во нова прекрасна куќа.

Меѓутоа, ако одлучите да се отселите пред да поминат 10 години, ќе мора да ги вратите парите на владата. Со надеж дека овој предлог ќе му биде од корист на градот, ќе добие повеќе жители, ќе заработи дополнителни даноци, ќе добие повеќе купувачи и друго, Општинскиот совет работи на усвојување на овој предлог.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ALBIJOU (@albijou.ch)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот