Фото: EPA/JULIEN WARNAND

Билт: Со наметнување „историски вистини“ се кочи напредокот на Балканот кон ЕУ

Поранешниот шведски премиер и специјален претставник на ЕУ за поранешна Југославија Карл Билт, коментирајќи ја позицијата на Бугарија кон С.Македонија, оценува дека со наметнување на свои „историски вистини” долгорочно ќе се пролонгира европската иднина на Балканот.

– Ако напредокот на Балканот кон ЕУ зависи од тоа дали една или друга држава ќе наметне некаква „историска вистина”, можеме да бидеме сигурни дека ништо нема да се случи за време на една или две генерации, пишува Билт на Твитер.

Шведскиот дипломат го објави коментарот на својот Твитер профил над постираната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева за Ројтерс во кое кажа дека Софија инсистира Скопје да ја признае историската вистина ако сака да напредува на патот кон ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот