Били Ајлиш зборува за стандардите за убавина: „Не сум задоволна од своето тело. Но, кој е?“

били ајлиш стандарди за убавина
ФОТО: EPA-EFE/DNCC

Били Ајлиш зборува искрено за внатрешните борби што ги има за перцепцијата на сопственото тело во интервју со „The Guardian“. 19-годишната пејачка се отвори за тоа како го доживува своето тело секојдневно и каков ефект имаат социјалните мрежи врз тие чувства.

„Гледам луѓе на интернет кои изгледаат како што јас никогаш не сум изгледала. И веднаш се прашувам: „Боже, како изгледаат така? Ги знам сите ќошиња на оваа индустрија и како луѓето ги уредуваат фотографиите, и знам дека тоа што изгледа реално, може да биде лажно. Сепак кога ќе ги видам си велам: „Тоа прави да сè чувствувам навистина лошо“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

„Јас сум сигурна во себе и сум многу задоволна од својот живот, но очигледно не сум задоволна од своето тело“, објаснува таа, пред да додаде, „но, кој е?“

Во искрениот разговор, Ајлиш призна дека фотографиите направени од неа од страна на папараците, исто така, влијаат врз перцепцијата за сопственото тело, како и коментарите на таквите фотографии на социјалните мрежи.

„Потребни ни се телата за да јадеме, да шетаме и да исфрламе измет од телото. Ни требаат само за да преживееме. Смешно е што некој воопшто се грижи за изгледот на телата. Зошто? Зошто ни е грижа? Ме разбирате, кога навистина ќе размислите за тоа?”

Во интервјуто таа зборува и за козметички процедури. Да се направи некаква козметичка процедура или операција, но да не зборува за неа, е друга работа која ѝ пречи на Били, бидејќи смета тоа дека промовираат „недостижни стандарди за убавина“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

„Сосема е во ред да направите било какви козметички процедури, ако ве прави да се чувствувате среќни. Проблемот е кога ќе го негирате тоа и ќе кажете: „Јас го направив сето ова самостојно и ако се потрудите повеќе, можете и вие. Тоа ме прави бесна. Многу е лошо за младите жени и момчињата да го гледаат тоа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот