Билетите за македонските навивачите за баражот со Италија чинат 12 евра

Македонските навивачи имаат можност да ги бодрат македонските фудбалери во Разград/Фото: ФФМ

Билетите за македонските навивачи кои сакаат да ја бодрат македонската фудбалска репрезентација на бараж натпреварот за пласман на Мундијалот во Катар, против Италија чинат 12 евра.

Заинтересираните  навивачи кои сакаат да ги бодрат „црвено-жолтите“ на натпреварот кој треба да се игра на 24 март во Палермо, од понеделник (7. март 2022), можат да се пријавуваат за купување на билети за мечот преку следната електронска адреса:

[email protected]

Заинтересираните поддржувачи на македонската репрезентација за купување билети за натпреварот на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо може да аплицираат за влезници до 15. март 2022.

Преку електронска најава (име, презиме и број на билети) испратени на e-mail адресата [email protected], најпрвин се пријавуваат заинтересираните навивачи за купување билети (два или најмногу четири билети). Доколку има можност истите да ви бидат ставени на располагање, на e-mail адресата од која е испратено барањето, добивате посебен код за пристап на следниот линк:

https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386

Кодот за пристап и добивање можност за купување на билети за натпреварот на македонската репрезентација е ограничен, согласно регулативата за следење на фудбалски натпревари во услови на пандемија и регулативата за број на билети за гостински навивачи.

Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи. Цената на чинење на еден билет изнесува 12. ЕВРА.

Македонските навивачи кои ќе патуваат во Палермо, Италија  мора да ги почитуваат епидемиолошките регулативи на италијанските власти поради коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот