„Бикот од Мајорка“ Надал фаворит за освојување на Монте Карло

Фотп: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Шпанецот уште еднаш докажа зошто земјената подлога му е најомилена, а после елиминацијата на првиот светски рекет од турнирот во Монте Карло, Новак Ѓоковиќ, многу блиску е да освои нов трофеј.

Рафаел Надал денеска во осминафиналето за 57 минути игра успеа да го елиминира Бугаринот Григор Димитров со резултат 6:1 и 6:1.

За пласман во полуфиналето Рафа ќе игра со победникот од дуелот Андреј Рубљов (Русија)-Роберто Баутиста Агут (Шпанија).

– Жал ми е за Григор. Одигра многу лош меч, тоа е вистината. Од моја страна имав добри перформанси на теренот, а виновен за ваквиот резултат е противникот – се зборовите на Надал по мечот.

Во следната фаза се најдоа уште Алехандро Давидович Фокина, Стефанос Циципас, Давид Гофан и Фабио Фоњини. Мастерсот во Монте Карло се игра за награден фонд од 2.082.960 евра, а титулата од 2019 година ја брани Фоњини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот