БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Маж на велосипед краде златни обетки и ланчиња од случајни минувачи

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против O.Н.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил две кривични дела „тешка кражба“, при што се стекнал со  противправна имотна корист од 90.000 денари.

Пријавениот ги извршил делата на 07.06.2019 и на 08.06.2019 година.

Додека возел велосипед се доближувал до оштетените и при разминување им ги кинел златните обетки и ланчиња.

На 14.06.2019 година тој бил приведен во Полициската станица Бит Пазар, каде било извршено препознавање од оштетените.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот