Без струја утре делови од Карпош, Центар и Кисела Вода

Архива на СП

Без напојување со електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Карпош, Центар и Кисела Вода.

Како што соопшти РЦУК по известување од „ЕВН Македонија” АД, прекинот во напојувањето со електрична енергија е поради планирани технички зафати во електро-системот.

Без струја во периодот од 08:30 до 13 часот ќе бидат корисниците во Градски парк во близина на ресторан „Балканика” во општината Карпош, а во периодот од 08:30 до 14 часот корисниците од улицата „Орце Николов” од број 162 до број 172 и улицата „Мирка Гинова” од број 1 до број 27 во општината Центар.

Во периодот од 08:30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците на улиците „Киро Крстевски” и „Емил Зола”, а од 08:30 до 15:30 часот корисниците на улицата „Марко Орешковиќ” во општината Кисела Вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот