Фото: ФФМ

Без голови по првото полувреме меѓу Македонија и Ирска во Даблин

По првите 45 минути на пријателскиот натпревар на стадионот „Авива“ во Даблин, нема голови (0:0) помеѓу најдобрите фудбалски репрезентации на Ирска и Македонија.

Мирен почеток имаше во првите пет минути од натпреварот, со почетно тестирање на силите, и двете селекции се обидуваа да имаа поголема контрола на топката.

Веднаш по истекот на 10 минута, се движеше опасна акција на домаќините околу нашиот шеснаесетник, непосредно пред голот на Димитриевски, една нафрлена топка дојде до Иган кој се обиде со глава да дојде до погодок, но неуспешно.

Ирците сега сè почесто беа на нашата половина, во 14 минута следуваше нова опасност на противникот преку Огбене кој прими топка, шутираше, но неговиот удар го блокираше дебитантот Фетаи.

Успешно се браневме во понатамошниот период од мечот, а во 20 минути во еден од нашите ретки напади, уште еден од дебитантите во националниот тим, Херера, успеа да изнуди слободен удар од околу 15 метри што беше одлична можност да се загрози противничкиот гол. Како што и се очекуваше Барди упати удар, но истиот го одбрани ирскиот голман Келехер.

Во 24 минута Ирците се заканија преку Перот кој се обиде со глава, но немаше никакви проблеми за Димитриевски. Фетаи непотребно загуби топка во средниот ред, по што им овозможи на домаќините контра, а истата заврши со прекршок на работ на шеснаесетник со слободен удар кој го изведе Азаз, но за наша среќа шутираше над голот.

До крајот на првото полувреме Ирска имаше уште една убава шанса преку Перот, кој по грешката на Велковски шутираше кон голот на Димитриевски, но без реализација. Непосредно пред паузата двапати беше затресена македонската мрежа, но погодоците беа поништени поради офсајд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот