Без договор за законот за ЈО, власта понудила ново обвинителство кое ќе ги гони двете страни, опозицијата одбила

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Без договор заврши синоќашната средба меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски за Законот за јавното обвинителство и за идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.

Извори на преговарачкиот тим на СДСМ брифираат дека ВМРО-ДПМНЕ инсистирале со закон да се укинат предметите на СЈО отворени по 30 јуни 2017.

Власта понудила да се направи ново обвинителство за висока корупција на чие чело ќе биде јавен обвинител предложен од опозицијата, а поддржан од 61 пратеник кој ќе може да покренува предмети доколку се утврди дека има криминал и во власта.

Опозицијата барала кај него да бидат префрлени и предметите од првите 18 месеци отворени од СЈО, барајќи можност за нивно застарување, одолговлекување и оневозможување на нивните судски завршници.

Не се знае дали во следниов период повторно ќе има средби меѓу преговарачките тимови од двете страни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот