„Бев скршена“: Георгина Родригез откри дека имала три спонтани абортуси

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Георгина Родригез откри дека имала три спонтани абортуси пред да почине нејзиниот новороден син со Кристијано Роналдо во април минатата година. Во продолжение на својот документарен филм „I Am Georgina“, вереницата на Кристијано Роналдо раскажа како била загрижена за време на бременоста со близнаците токму поради претходните спонтани абортуси. Георгина ги опишала првите месеци од бременоста како „страшен период“, бидејќи, како што вели, постојано повраќала и била многу поспана, пренесува „El Español“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Секоја посета на гинеколог, се сеќава таа, била исполнета со страв.

„Многу се плашев од секој ултразвук пред раѓањето на близнаците. Се чувствував многу напнато бидејќи имав три спонтани абортуси. Бев скршена“, изјавила Георгина и се присетила на денот кога родила близнаци, момче и девојче. Бела е родена здрава, а нејзиниот брат близнак починал за време на породувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

„Тие се родија во понеделникот на Велигден. Дојде најочекуваниот момент и моето срце застана. Бела се роди силна и здрава, но парче од моето срце одлета“, се присетила манекенката и открила како првично се обидела да ја сокрие смртта на бебето од нејзините деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

„Им кажав дека Ангел ќе почека уште малку, дека подоцна ќе се роди. Но Кристијано им кажа дека Ангел е во рајот“, рекла Георгина и признала дека по смртта на нејзиниот син, „никогаш повеќе нема да биде иста“.

Во документарецот таа кажа дека нејзиниот вереник Кристијано Роналдо е нејзиниот најголем поддржувач.

„Кристијано е супер татко и најдобриот сопруг… но, тој не готви“: Георгина сподели детали од секојдневен живот со Роналдо

ФОТО | Кристијано Роналдо се огласи по смртта на синот: Мајката и бебето се дома

Шест правила кои децата на Роналдо мора да ги почитуваат, третото ќе ве шокира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот