Шест правила кои децата на Роналдо мора да ги почитуваат, третото ќе ве шокира

Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, Фото: Инстаграм

Секој родител го сака најдоброто за своето дете, а славниот фудбалер Кристијано Роналдо не е исклучок. Прославениот напаѓач има високи стандарди кога станува збор за нивното воспитување, а акцентот е пред се на здравиот начин на живот и следењето на строго испланиран режим на исхрана.

Да потсетиме, фудбалерот во 2010 година го доби своето прво дете – синот Кристијано Роналдо Помладиот, а никогаш не сакаше да го открие идентитетот на мајката, која воопшто не е вклучена во животот на момчето. Во јуни 2017 година Роналдо ги доби близнаците Ева и Матео со помош на сурогат-мајка, а во ноември истата година ја доби и ќерката Алана со својата свршеница Георгина Родригез. Во април 2022 година, Георгина роди уште еден пар близнаци – момчето Анџел и девојчето Бела, но за жал, момчето почина набрзо по раѓањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)


Да видиме како Роналдо и Георгина ги воспитуваат своите пет деца.

1. Кристијано Роналдо Помладиот тренира фудбал и по неколку часа на ден

Во документарниот филм на Нетфликс „I Am Georgina“ славниот фудбалер истакна колку е важно на децата да им се покажува љубов и благост и дека никогаш нема да ги притиска да направат нешто. Од друга страна, неговиот син тренира и по неколку часа на ден, а Роналдо во истиот документарец додаде дека син му може да стане одличен фудбалер ако остане посветен на спортот. Исто така, синот од таткото научил да се тушира ​​со ладна вода и да не јаде брза храна.

2. Роналдо и неговите деца имаат здрав, но ригорозен начин на живот

„Јас практикувам високопротеинска храна, со многу здрави јаглехидрати, житарки од цели зрна, овошје и зеленчук и избегнувам слатки“, ја опиша еднаш Португалецот својата исхрана. Исто така, Роналдо никогаш не консумира газирани пијалоци и пие многу вода дневно, а овој начин на исхрана важи и за остатокот од неговото семејство.

3. Децата на Роналдо вежбаат по јадењето слатки

И покрај строго испланираната исхрана, децата на Роналдо одвреме-навреме можат да уживаат во некој деликатес. Во август 2016 година, Роналдо објави видео од тогаш шестгодишниот Роналдо Помладиот како трча на лента за трчање и вели: „Изедовме сладолед, сега е време за вежбање“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

4. Роналдо инвестира во образованието на своите деца

Децата на Роналдо се запишани во престижно училиште за „милионери“ во Португалија, кое се смета за едно од најдобрите во земјата, потврдија годинава португалските медиуми.

5. На децата на Роналдо им е неопходен огромен простор и приватност

Свршеницата на Роналдо, Георгина, во документарецот спомена дека на нивното семејство му е неопходен луксуз не само дома, туку и на патување.

„Потребни ни се многу соби, приватен базен, лесен пристап до пристаниште во кое може да се смести помал брод и поголемо парче земја за да не мора да ја напуштаме вилата ако сакаме да ги однесеме децата на прошетка“, рекла Георгина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

6. Роналдо спроведува строг режим на хигиена во своето семејство

Физичката активност и исхраната на Роналдо не се единствените работи неговите деца мора да го следат, тоа се однесува и на личната хигиена. Така, фудбалер во една прилика сподели видео на Инстаграм каде проверува дали сите негови малечки ги измиле рацете пред јадење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

И Георгина не може да прави што сака

Иако долго време се пишуваше дека Георгина добива 100.000 евра месечно џепарлак од своето момче, вистината е дека овие пари првенствено се наменети за децата. Со тоа се плаќаат посебните намирници за нив, тренинзи, училиште и сѐ друго што им треба. Она што останува, Георгина може да го потроши на себе, но тоа не е сѐ.

ФОТО | Кристијано Роналдо се огласи по смртта на синот: Мајката и бебето се дома

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез заминаа на одмор: Прво лето со новиот член на семејството

ФОТО | Првпат по трагедијата се огласи свршеницата на Роналдо, Георгина Родригез

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот