Бесплатни курсеви по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана

На Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана наскоро ќе почнат курсеви по македонски јазик, како изборен предмет. Курсеви ќе им бидат понудени бесплатно на сите студенти на Универзитетот во Тирана, а наставата ќе ја изведуваат македонски професори од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. На крајот на курсот, сите студенти ќе добијат сертификат за соодветно стекнато ниво на познавање на македонскиот јазик.

-Воннаставните програми за странски јазици се иновација и можности повеќе за студентите на Универзитетот во Тирана и имаат за цел да обезбедат богато и совршено искуство за сите вас кои сакате да го продлабочите своето јазично и културно знаење, се наведува во објавата.

Курсевите се организираат во рамките на соработката на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот