Беше преубава Бонд девојка, а поради ботоксот денес не може ни да се насмее (ФОТО)

Лицето и е неприродно затегнато, а судејќи според фотките, се чини дека тешко може дури и да се насмее.

Поранешната манекенка и актерка Фамке Јансен остана запаметена како една од најубавите Бонд девојки, но ни таа не успеа да им одолее на естетските зафати па денес изгледа сосема поинаку.

Со 55 години денес таа на лицето нема ниту една брчка, но видливо е дека младоликиот изглед го постигнала со помош на ботокс. Лицето и е неприродно затегнато, а судејќи според фотките, се чини дека тешко може дури и да се насмее.

Популарната холандска актерка Фамке Јансен се прослави во филмот за Џејмс Бонд како и во денес култниот серијал „X- Men“, но покрај тоа таа имаше и многубројни улоги во филмски хитови и телевизиски серијали, а само некои од нив се „The Blacklist“, „How to Get Away with Murder“ и „Nip Tuck“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот