Бонифејс/Werder Bremen

Беше еден од најдобрите голгетери во Европа, а сега може да ја заврши кариерата на 25 години

Вердер Бремен и Баер Леверкузен постигнале договор според кој нигерискиот напаѓач Виктор Бонифејс треба да биде подложен на операција на коленото, а конечната одлука сега е оставена на самиот фудбалер. Германските медиуми пренесуваат дека 25-годишниот напаѓач сериозно ја разгледува и можноста за предвремено завршување на кариерата, поради долгогодишните проблеми со коленото.

Бонифејс и претходно се соочуваше со тешки повреди , скинати лигаменти во 2019 и 2021 година и поради тоа пропушти значителен број натпревари. Во сезоната 2018/2019 беше надвор од терените 179 дена и пропушти 34 средби, додека во сезоната 2020/2021 отсуствуваше цели 358 дена и не настапи на 56 натпревари.

Напаѓачот минатото лето пристигна во Вердер бремен како позајмен играч со договор до 2026 година, но сезонава се соочува со сериозни проблеми во формата. Во 11 настапи во Бундеслигата сè уште нема постигнато ниту еден гол.

Во текот на кариерата, Бонифејс настапуваше за клубови како кипарски Лефке, нигериски Реал Сафир, норвешки Бодо/Глимт и белгиски Унион Сент Жилоа. За репрезентацијата на Нигерија има 13 настапи и еден погодок, а според „Трансфермаркт“ неговата моментална пазарна вредност изнесува 12 милиони евра. Пред две години таа достигнуваше дури 45 милиони евра.

Бонифејс беше еден од клучните играчи во сензационалната шампионска сезона на Баер Леверкузен во 2024 година, кога го освоија трофејот во Бундеслигата, а тој беше и најдобар стрелец на тимот со 14 постигнати погодоци и се сметаше за еден од најголемите напаѓачки хитови во Европа, но серијата здравствени проблеми подоцна доведе до голем пад во неговата кариера.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот