Бертолини: И покрај напредокот во реформите, проблем број еден е како до ефикасна јавна администрација

Фото: МИА

Помош во имплементација на новиот Закон за правна помош, зајакнување на капацитетите на Антикорупциската комисија и финансовата полиција, обука на раководствата и персоналот на затворите, а прв пат и активности во делот на антидискриминацијата, се дел од областите кои ќе бидат опфатени со „Хоризонталниот инструмент” на Советот на Европа и на ЕУ за 2019 – 2022 во нашата земја, за што се изводени четири милиони евра. Сепак, и покрај многуте реформи и добрата насока во која се движат, проблемот број еден на Северна Македонија е како јавната администрација да работи ефикасно, вели во интервју за МИА Никола Бертолини, шеф на одделот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје.

– Земјата направи многу реформи и патот на реформите е добар. Нема ниту една земја во регионот која направиле толку многу во изминтите 2-3 години. Сепак, има реформи кои треба да се комплетираат, но, во најголем број од случаите треба да потврдиме дека земјата е подготвена за почнување на преговори – изјави Бертолини.

Што се однесува на програмата фокусирана на четири главни области: обезбедување правда, борба против корупција и економски криминал, спречување дискриминација и заштита на правата на ранливите групи, како и слободно изразување и слобода на медиумите, тој за МИА рече дека вклучува различни активности наменети само за Македонија во делот на активностите во делот на правната помош.

Бертолини потсети дека Македонија направи многу реформи и дека патот на реформите е добар.

– Нема ниту една земја во регионот која направиле толку многу во изминтите 2-3 години. Сепак, има реформи кои треба да се комплетираат, но, во најголем број од случаите треба да потврдиме дека земјата е подготвена за почнување на преговори – посочи Бертолини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот