Берни Сандерс најпопуларен во трката за номинација претседателски кандидат - Слободен печат

Берни Сандерс најпопуларен во трката за номинација претседателски кандидат

Се дознава дека Сандерс и Блумберг постепено ја зголемувале популарноста во сите три анкети на Ројтерс-Ипсос, почнувајќи од средината на декември.

Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, стана најпопуларен меѓу демократите во трката за номинација претседателски кандидат, надминувајќи го поранешниот потпретседател Џо Бајден, кој исто така претендира на учество во претседателските избори годинава, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Според најновата анкета на агенцијата Ројтерс и француската консултанска фирма Ипсос, спроведена на 15 и 16 јануари, 20 отсто од регистрираните демократи и независни избирачи изјавиле дека на претседателските избори ќе дадат подршка за Сандерс. За оваа номинација претендираат уште 11 кандидати, но рејтингот на Сандерс постојано растел во измината година.

Така, според резултатите од анкетата, неговиот рејтинг се зголемил за 2 отсто споредбоено со минатата недела. Според анкетата, Бајден, е на второ место со 19 отсто поддршка, а по него следуваат сенаторката Елизабет Ворен (12 остсто), поранешниот градоначалник на Њујорк Мајк Блумберг (9 отсто) и градоначалникот на Саут Бент, Индијана, Пит Бутиџич (6 отсто).

Прочитајте и...  Времето денеска сончево и топло, од утре заладување и дожд

Се дознава дека Сандерс и Блумберг постепено ја зголемувале популарноста во сите три анкети на Ројтерс-Ипсос, почнувајќи од средината на декември. Поддршката за Бајден, Ворен и Бутиџич останала без промени.

Од анкетата се дознава и дека еден од пет избирачи сеуште не се определил за кого ќе гласа на изборите закажани за ноември. А од оние кои направиле избор, речиси две третини одговриле дека може да ја променат одлуката во последен момент.

Со гласањето зад затворени врати на 49 делегати кое треба да се одржи на 3 февруари во Ајова (какус) започнува и официјалниот дел од изборот на претседателски кандиат на Демократската партија. Според календарот, по ова гласање следуват прајмерис во Њу Хемпшир и Јужна Каролина и какус во Невада, сите во февруари.

Прочитајте и...  Борбата против даночните измами во Франција донела девет милијарди евра во буџетот

Според досегашните анкети Сандерс води со 20.5 отсто кај демокарсткиет избирачи во Ајова, по него е Бутиџич со 20 отсто, додека Бајден (19.3) и Ворен (16.5) се на трето и четврто место.

Претседателот Трамп пак, на својот Твитер налог синоѓа објави резултати од друга анкета, на Расмунсен Репортс, според која актуелниот претседател има подршка од 51 отсто Американци.

Прочитај повеќе

Баша: Оваа Влада има тенденција да го зграпчи Уставниот суд, со што прави државен удар

Слободен печат

ГРИПОТ ЈА ЗЕДЕ И ВТОРАТА ЖРТВА: Почина старец на Инфективна клиника

Слободен печат

Шилегов: Програмата на „Лајка“ не е Библија, па да не може да се смени

Чулев: Воопшто не размислувам за поднесување оставка

Слободен печат

Манчевски: Главен проблем кај медиумите е ширење на лажни вести

Слободен печат

ЈО отвори истрага за недостиг на патни исправи

Слободен печат

Остави Коментар

2 × 1 =

Прочитај повеќе

Техничките и дополнителните министри на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја напуштат Владата?

Слободен печат

Спасовски и Столтенберг во Брисел: Членството во НАТО, резултат на исполнети критериуми и стандарди

Слободен печат

Спасовски: Нашите пријатели во Брисел ги делат со нас очекувањата за официјализирање на членството во НАТО

Слободен печат

Издадени осум сериозни предупредувања за поплави во Британија

Слободен печат

Милановиќ при заклетвата ја парафразирал култната белградска група ЕКВ

Слободен печат

Пешева од „Анима Мунди“: Стапката на усмртување на кучиња ќе биде висока (ВИДЕО)