Мерц и Трамп во Белата куќа/Фото: KAY NIETFELD/ AFP/ Profimedia

Берлин побара појаснување од Вашингтон за ублажувањето на нафтените санкции на САД кон Русија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Германија дознала за одлуката на САД да ги укине нафтените санкции против Русија дури утрово, откако Вашингтон издаде исклучок за купување на санкционирана руска нафта и нафтени деривати заглавени на море.

Како што рече Мерц за време на посетата на Норвешка, тој би сакал да дознае повеќе за мотивите за одлуката на Вашингтон, пренесува Ројтерс.

Германскиот канцелар додаде дека верува оти е погрешно да се ублажат санкциите против Русија од која било причина. Тој рече дека користењето на нафтените резерви ќе помогне во контролата на цените „до одреден степен“.

Запрашан за стратешки важниот Ормуски Теснец, Мерц им рече на новинарите дека нема причина да се разгледува обезбедувањето воена заштита на морските патишта.

„Германија не е дел од оваа војна и ние не сакаме да станеме дел од неа“, рече Мерц.

Соединетите Американски Држави претходно издадоа нова општа лиценца со која привремено се дозволува продажба на руска сурова нафта и деривати натоварени на бродови до 12 март, што опфаќа околу 100 милиони барели, а мерката важи до 11 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот