Беретини го призна поразот: Новак има нешто што го прави најдобар на сите времиња

Беретини загуби од Ѓоковиќ и во финалето на Вимблдон/ фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Новак Ѓоковиќ утринава обезбеди пласман во полуфиналето на УС Опен откако во четвртфиналето во фантастичен меч со 3:1 во сетови и тоа со 5:7,6:2,6:2,6:3 го совлада Матео Беретини со кого играше во финалето на Вимблдон.

Италијанскиот тенисер изјави дека се чувствуваше добро и дека играше добро, но тоа против Новак Ѓоковиќ не беше доволно за победа.

– Ова беше многу тежок меч како што е секогаш кога играте против Новак. Се чувствував добро, играв добро… Но, Новак има нешто што го прави најдобар тенисер на сите времиња – секогаш знае кога да го крене нивото на игра. Не е важно како играте вие, тој игра подобро. Не можев да играм против него, ја заслужи победата. Добра работа е што многу учам од секој меч против него. Не можам да се жалам, беше подобар. Јас играв добро, но Новак беше подобар – изјави Беретини.

Италијанецот исто така открива како е да се игра против Ѓоковиќ на грен слем турнирите каде се игра во три добиени сетови.
– Кога игра против Рафа Надал по два сета останав без енергија, а сега против Новак имав енергија, само ми недостасува искуство да играм против него. Морам да го заработам секој поен, ништо не ми дава бесплатно. Не е важно дали добро сервирам или добро играм, морам да се испотам за секој поен – додава Беретини.

Рекорди кои Ѓоковиќ сè уште ги брка на Грен слем турнирите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот