Бенјамин Демир најново засилување за Вардар

Бенјамин Демир се врати во Вардар/ фото: ФК Вардар

Екипата на Вардар денеска го претстави најновото засилување за пролетниот дел од сезоната во Втората фудбалска лига – Запад, Бенјамин Демир.

Демир потекнува од младинската школа на Вардар, а исто има настапувано и за екипите на Тетекс, Еуромилк, Пелистер, Македонија ЃП, Работнички, Шкупи и Скопје, додека во странство има игранбо за Интер Запрешиќ и вториот тим на Хајдук Сплит.

„Бенјамин Демир е последното засилување за нашата екипа пред продолжението на пролетниот дел од сезоната. Офанзивниот крилен фудбалер ни доаѓа од ФК Скопје, а кариерата ја почна во нашата младинска школа. Добредојде дома Бени!“, соопшти Вардар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот