Белорускиот премиер ќе ја тестира на себе руската вакцина против Ковид-19

Фото: МИА

На 11 август, Русија стана првата земја што регистрираше вакцина против коронавирус, наречена „Спутник В”.

Премиерот на Белорусија Роман Головченко одлучи да ја тестира руската вакцина против Ковид-19 на себе.

За таа одлука претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска го извести рускиот премиер Михаил Мишустин за време на нивната средба, јави агенцијата БелТА.

Двајцата државници разговараа за заедничките напори во борбата против коронавирусот, а Лукашенко потсети дека Белорусија ќе биде првата земја што ќе ја добие руската вакцина за коронавирус.

–  Се радувам што Роман Головченко денеска одлучи да се вакцинира. Сигурен сум дека сè ќе биде добро – рече Мишустин.

Покрај тоа, Белорусија ќе се приклучи на последната фаза на дополнително испитување на руската вакцина. Граѓаните ќе можат доброволно да учествуваат во третата фаза клинички испитувања, јави агенцијата ТАСС.

На 11 август, Русија стана првата земја што регистрираше вакцина против коронавирус, наречена „Спутник В”. Вакцината, развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја”, беше подложена на клинички испитувања во јуни и јули.

Вакцината е заснована на платформа што се користела за добивање на некои други вакцини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот