Белорусија е подготвена да распореди свои мировни сили во Украина
Белорусија изрази подготвеност да распореди свои мировни сили во Украина како дел од договорот за завршување на војната, изјави Алексеј Скабеј, раководител на одделот за меѓународна воена соработка и мировни активности на командата на силите за специјални операции на вооружените сили на Белорусија, објави Украинска правда.
Препорачано
Според него, учеството на армијата на соседната земја во меѓународни мисии е прашање на „кревање на националното знаме“ и демонстрирање на отвореноста на земјата.
„Штом ќе ја добиеме соодветната одлука, ќе бидеме подготвени да се преселиме во еден или друг регион за извршување задачи“, рече Скабеј, истакнувајќи дека учеството на Белорусија во мировните мисии предводени од ОН во моментов е суспендирано.
Тој е исто така уверен дека евентуалното распоредување на мировна мисија во Украина зависи од согласноста на двете страни во конфликтот.
„Ние не сме единствените што одлучуваат. Доколку страните одлучат, ние сме подготвени да пружиме помош на нивно барање“, додаде претставник на белоруското Министерство за одбрана.
За потсетување, распоредувањето на западните мировници во Украина во моментов се разгледува како гаранција за безбедноста по војната, но Русија се спротивставува на тоа.
Неодамна, портпаролката на белорускиот претседател, Наталија Ајсмонт, изјави дека рускиот експериментален ракетен систем „орешник“ ќе биде ставен на борбена должност во земјата веќе во декември.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Владимир Путин сака да ја вовлече Белорусија во војна и да ја провоцира Полска.


