Белградски макро повредил полицаец

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, а ќе му биде поднесена соодветна прекршочна пријава.

Српската полиција го уапси Љ.С. (1979) од Белград поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела посредување во проституција и напад на службено лице при вршење на службени должности.

Претресот во станот каде бил макрото и 52-годишна жена бил извршен откако полицијата дознала дека сега уапсените преку оглас на веб сајт нуделе сексуални услуги.

При апсењето осомничениот Љ.С. турнал еден од полицајците и го гризнал за десната рака нанесувајќи му повреди. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, а ќе му биде поднесена соодветна прекршочна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот