Бектеши апелира да не се блокира Законот што овозможува намалување на цената на производите за менструална хигиена

Alexander Shcherbak / TASS / Profimedia

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција апелираше до пратениците да не го блокираат законот со којшто се овозможува намалување на цената на производите за менструална хигиена.

Ако собраниската Комисија за финансирање и буџет го блокира законот со кој треба да се намали цената на хигиенските влошки, донесена ќе биде времена мерка, соопшти Бектеши.

Додаде дека законското решение е во Собрание и ги повика пратениците да го усвојат.

Тоа ќе се направи со закон, директно. Министерството за економија е подготвено, ако случајно има недоразбирање во Собранието и се блокира законското решение во Комисијата за финансирање и буџет, да донесе времена мерка, но, сепак, сакаме трајно решение, вели министерот.

Кон крајот на минатата година премиерот Димитар Ковачевски најави намалување на даночното оптоварување на производите за менструална хигиена, како дел од мерките за даночни реформи и праведност на даночниот систем во земјава.

Ковачевски тогаш потенцираше дека со планираните измени ќе има намалување на ДДВ-то на производи за менструална хигиена од 18 на пет проценти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот