Бектеши: Ако има потреба и Нова Година ќе ја дочекаме со замрзнати цени

Одмрзнување на цените / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Новите антикризни мерки ќе ги спроведуваат министерствата за труд и за образование и нивната подготовка е при крај

Ако има потреба замрзнувањето на цените на дел од прехранбените производи, пијалаците, зеленчукот и овошјето, ќе продолжат до крајот на годината, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Одговарајќи на новинарско прашање, тој се пофали дека мерките досега даваат одличен резултат. Но, граѓаните сепак сметаат дека скапотијата е огромна и дека овие мерки се со ограничена сила.

-Убеден сум дека до 10 ноември ќе ги имаме сите анализи за сите производи во9 одлуките, а компаниите и граѓаните навреме ќе бидат информирани за сите одлуки, односно најмалку десеттина дена пред истекот на владината одлука (30 ноември). Ако има потреба замрзнувањето ќе продолжи најмалку до крајот на годинава – додаде Бектеши. Од Организацијата на потрошувачите, побараа мерките да бидат на подолг рок за да се види вистинскиот ефект од нив.

На 19 септември Владата реши да се замрзнат цените на 25 групи прехранбени производи онака како што чинеле на 1 август годинава и дополнително да се намалат за 10 отсто. Со тоа, целокупната инфлација во делот на храната би паднала за 4 до 5 отсто. Исто така, трговците на големо за овие производи треба да одобруваат рабат и други надоместоци кон трговците на мало во висина до 5 отсто и не повеќе.

Снабдувачите пак добија задача да ги носат овие производи во количество од најмалку 70 отсто од количеството продадено во август годинава. Од тој датум се забранети и акциските продажби освен на оние производи кои се кус рок.

Бектеши информираше и дека новите антикризни мерки ќе бидат спроведени од министерствата за труд и за образование, а нивната подготовка е при крај, соопшти Бектеши. Министерот претходно рече дека тој е запознаен, со некои од предлозите, но кои мерки ќе се донесат со сите останати засегнати страни. Новите антикризни мерки ќе се реализираат со средства од П1 програмата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот