БЕГСТВО ОД ЗАТВОР ПО КОЛУМБИСКИ РЕЦЕПТ: Од стоматолошка ординација, по јаже и на мотор во непознат правец

Фото: Принтскрин/Noticias Caracol

Аида Мерлано (43) се прослави како првата политичарка во Колумбија која е осудена на казна затвор поради купување на гласови, а сега повторно е во центарот на вниманието на светската јавност поради нејзиното спектакуларно бегство од затвор низ прозор на ординација, објави „Курир.рс“, повикувајќи се на британските медиуми.

Некогашната конгресменка побегна од затворот откако и било дозволено да посети стоматолог.

На една од снимките може да се забележат деталните подготвки и бегството од ординацијата во Богота, така што црвено јаже политичарката облечена во бело се спушта по него.

При скокот од прозорот, збунетите минувачи дури и помагаат да стане.

Целата операција е одлично испланирана. Може да се забележи дека Аида на задната стана од ординацијата ја чека човек на мотор. Пред да тргнат во бегство, поранешната пратеничка вимателно става кацига на својата глава.

Од затворот порачале дека бегството е во тек, но и дека е понудена награда од 50 милиони колумбиски песоси (околу 13.000 евра) за информации за тоа каде се наоѓа Мерлано.

Аида минатиот месец е осудена на 15 години затвор поради купување на гласови на парламентарните избори во 2018 година. Не е познато зошто и е дозволено да посети стоматолг, бидејќи за краткотрајни престои надвор од затворот се дозволени само во одредени ситуации.

Интересно е да се напомене дека истиот ден таа имала закажано сослушување на кое требало да биде разгледана можноста за намалување на затворската казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот