Блерим Беџети / Фото: принтскрин

Беџети: Албанците имаат право да бараат ново државно уредување

Во државата навистина имаме сериозен проблем и ги поканувам и македонското население, но и Албанците, доколку е потребно, да разговараме за тоа како го читаме и како го разбираме Охридскиот договор.

Албанците имаат легитимно право да отворат широка дебата меѓу Албанците за ново државно уредување и сами да одредат како и каде сакаат да живеат, порача пратеникот Блерим Беџети од ДУИ и ја обвини Владата дека не го почитува Охридскиот договор, но и дека го блокира процесот на евроинтеграција, пренесуваат медиуми на албански јазик.

-Во државата навистина имаме сериозен проблем и ги поканувам и македонското население, но и Албанците, доколку е потребно, да разговараме за тоа како го читаме и како го разбираме Охридскиот договор. Ќе бидете сведоци дека целта на сите овие акции и политички притисоци е за ова и за процесот на интеграција, а доколку нема договор, Албанците имаат легитимно право да бараат ново државно уредување и сами да одредат како и каде сакаат да живеат – рече Беџети.

Генералниот совет на ДУИ свикана од лидерот Али Ахмети синоќа дискутирал за политичката состојба во земјава и  било посочено дека постојат тенденции за нарушување на Охридскиот мировен договор, што би довело до последици за стабилноста на земјата.

„Бараме од иницијаторите и спроведувачите на овие дејствија да се повлечат од истите и да се продолжи со целосно почитување на Охридскиот мировен договор, како единствен пат кон стабилност и напредок на земјата кон целосно членство во Европска Унија“, соопшти ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот