Барселона има нова пречка за Рашфорд, неговата откупна клаузула истече
Клаузулата што ѝ дозволува на Барселона да го потпише англискиот фудбалер Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед за 30 милиони евра веќе истече.
Препорачано
Според „Кадена СЕР“, оваа опција важеше до 31 март, што значи дека каталонскиот клуб повеќе нема контрола врз иднината на напаѓачот. Од друга страна, „Диарио Спорт“ објавува дека претставниците на играчот ги негирале таквите информации.
И покрај несовпаѓањата во изјавите, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ја потврди намерата на клубот да води разговори со Манчестер јунајтед за поповолни услови, според кои напаѓачот може да продолжи да игра под водство на Ханси Флик. Според информациите, Каталонците би сакале да го продолжат договорот за позајмица на Рашфорд за уште една сезона.
Сепак, медиумите во Англија ја поддржуваат тезата дека „Олд Трафорд“ не е склон да прифати таква опција и претпочита играчот да се врати во тимот. Очекувањата се дека по неговите одлични настапи во дресот на Барса, клубот може да реализиран повисока трансферна цена за време на летниот рок од првично утврдената во клаузулата.
Милан и Пари Сен Жермен продолжуваат да покажуваат интерес за ситуацијата на Рашфорд и внимателно ги следат случувањата околу англискиот напаѓач.
🚨 𝗡𝗘𝗪: Barcelona’s €30m buy option for Marcus Rashford expired in March.
The club would like to re-sign him on loan, but Manchester United do not consider that option.
— @QueThiJugues pic.twitter.com/EVHopEo5nZ
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) April 1, 2026


