Фото: EPA/JEON HEON-KYUN

Барселона донесе одлука за Маркус Рашфорд

Раководството на Барселона е задоволно од настапите што англискиот фудбалер Маркус Рашфорд ги прикажува оваа сезона и сериозно размислува на лето да го откупи од Манчестер јунајтед.

Рашфорд пристигна во редовите на шпанскиот шампион во август, на позајмица до крајот на сезоната, а брзо се вклопи во тимот и доби значајна улога во офанзивата.

Крилниот напаѓач досега има одиграно 23 натпревари за Барса, на кои постигна седум голови и забележа девет асистенции. Особено се истакна во периодот кога екипата речиси два месеци беше без повредениот Рафиња, преземајќи голем дел од одговорноста во нападот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека челниците на клубот сè повеќе ја разгледуваат можноста да ја активираат откупната клаузула за Рашфорд, која изнесува 30 милиони евра.

Интересно е што Рашфорд не беше прва опција на Барселона во летниот преоден рок. Примарна цел тогаш бил Луис Дијаз, кој на крајот од Ливерпул се пресели во Баерн Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот