Барселона доби нов тренер, Куман ќе ги напушти „лалињата“ за да го гаси пожарот на „Камп Ноу“

epa07008856 Netherlands head coach Ronald Koeman reacts during the UEFA Nations League, league A, group 1, soccer match between France and Netherlands at the Stade de France in Saint-Denis, near Paris, France, 09 September 2018. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Тоа што се најавуваше изминатите 24 часа се оствари, Роналд Куман се согласи да потпише тригодишен договорот со каталонскиот клуб.

Славниот фудбалер кој и ја донеше првата титула на Барселона во Лигата на шампионите, Роналд Куман наскоро ќе седне на клупата на каталонците, пренесува Фабрицио Романо.


Оваа објава на италијанскиот новинар е потврда на тоа што се случи утринава,  доаѓањето на Куман во Барселона на преговори со челниците на клубот, односно со претседателот Хосеп Марија Бертомеу на кои експресно дошло до договор.

Барса брзо реагира, познато е кој го менува Сетиен на клупата (ФОТО)

Според голем дел од медиумите, но и на новинарот Романо кој прв ја објави веста за Куман, Холанѓанецот се согласил да потпише тригодишен договор со Барселона и ќе ја напушти селекторската функција во холандската репрезентација.

Куман ќе седне на тренерското столче во Барселона кое остана испразнето по срамниот пораз од 8:2 од Баерн Минхен во четвртфиналето од ЛШ бидејќи Кике Сетиен експресно доби отказ.

Роналд Куман од 2018 година е селектор на „лалињата“, а претходно има работено и во Витесе, Ајакс, АЗ Алкмар, Валенсија, Бенфика, ПСВ Ајндховен, Саутемптон и Евертон.

Официјалната промоција на новиот тренер на Барселона се очекува до крајот на неделава, откако Куман ќе го раскине договорот со фудбалската федерација на Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот