Барса брзо реагира, познато е кој го менува Сетиен на клупата (ФОТО)

twitter/Barça Watch

После катастрофалниот пораз од Баерн (8:2) во четвртфиналето од Лигата на шампионите, од каталонскиот клуб беа свесни дека мора веднаш да се направат промени.

Кике Сетиен минатата сезона не успеа да ја одбрани титулата во „Ла Лига“, па понижувачки беше елиминиран од баварскиот гигант и веднаш почнаа да му предвидуваат отказ.

А така веќе размислуваат и од „Камп Ноу“, пронајден е веднаш нов наследник, станува збор за легендарниот играч на овој клуб, Роналд Куман, моментно на функцијата како селектор на Холандија, допатува во Каталонија на завршни преговори. Тој со приватен лет дојде од својата земја во Барселона, каде што не можеше да помине незабележано.

Се очекува наскоро да биде промовиран како нов тренер на Барса, а како играч имаше големи успеси во периодот од 1989 до 1995 година. Освои четири титули шампион на Шпанија и еднаш првак на Европа токму со неговиот гол во финалето против Сампдорија.

На почетокот од тренерската кариера работеше како помошник во Барселона, а потоа беше тренер на Витесе, Ајакс, Бенфика, ПСВ, Валенсија, АЗ Алкмар, Феенорд, Саутемптон, Евертон, додека на клупата на „лалињата“ е од 2018 година.

„Ауфидерзен“ Барса: Гол-машината Баерн броеше до ОСУМ! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот