„Ауфидерзен“ Барса: Гол-машината Баерн броеше до ОСУМ! (ВИДЕО)

фото: твитер

Барселона вечерва на стадионот „Да Луж“ во Лисабон го претрпе еден од најголемите порази во својата историја во Лигата на шампионите. Каталонскиот клуб во четвртфиналето на ЛШ загуби со верувале или не конечен резултат 8:2.

Во четвртата минута стрелаше баварскиот гигант уште во четвртата минута преку Милер, а само 180 секунди подоцна израмнувањето дојде после автоголот на Алаба и така сите беа во очекување дека ќе следиме крајно драматичен дуел со многу погодоци.

Така и испадна, но Баерн беше тој кој целосно доминираше, до крајот на првото полувреме германскиот шампион реализираше три голови, по еден погодок запишаа Перишиќ, Гнабри и Милер за 4:1.

Барса ги врати некако надежите на овој меч со голот на Суарез, но тоа беше сè што направи составот на Сетиен од аспект на погодоците, а до крајот на вториот дел Тер Штеген прими уште четири голови.

Кимих стрелаше во 63 минута за 5:2, во гол серијата се придружи и Левандовски, а во последните 10 минути двапати во листата на стрелците се запиша Кутињо.

Веќе е формирана првата полуфинална двојка во натпреварувањето, Лајпциг-ПСЖ, а в сабота (21.00 часот) Баерн ќе го дознае својот ривал, Манчестер сити или Лион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот