Маркус Рашфорд („ФК Барселона“)/фото: EPA/Enric Fontcuberta

Барса планира да го откупи Рашфорд, но во игра е уште еден европски гигант

Англискиот фудбалер Маркус Рашфорд успеа да ја оживее својата кариера и сега е повторно во центарот на вниманието на медиумите.

Спортскиот директор на Барселона, Деко, разговараше за англиските медиуми за Рашфорд и неговиот статус и трансфер во клубот.

Англичанецот, кој е на позајмица од Манчестер Јунајтед, постигна шест гола и запиша девет асистенции на 18 натпревари откако пристигна во Барса:

– Рашфорд е среќен со нас. Тој е фантастичен фудбалер. Не се снаоѓаше најдобро во Јунајтед поради генерациската смена, што е исто така една од причините зошто не му беше лесно. Кога си важен играч за твојот тим, одговорноста е уште поголема. Дури и како млад играч, тој беше принуден да преземе огромна одговорност во голем клуб како Манчестер јунајтед, еден од најголемите во светот, исто како Барселона. Баравме токму таков играч на пазарот, кој може да игра на сите три позиции во нападот, а тој исто така сакаше да игра за Барселона толку многу и чекаше колку што беше потребно. Тој ги знаеше сите наши финансиски тешкотии, а беше и трпелив и ние сме горди што дојде во нашиот клуб – рече Деко.

Се шпекулира дека Барселона сака да го откупи, клаузулата е одредена на 35 милиони евра, но Деко ќе се обиде да договори малку пониска отштета, бидејќи е познато дека тој не е во плановите на Рубен Аморим.

Сепак, треба да се додаде дека и други клубови го следат, пред сè Пари Сен Жермен, кој претходно се споменуваше како опција. Рандал Коло Муани нема иднина во Париз, Гонзало Рамос исто така не е по вкусот на Луис Енрике, а Шпанецот би бил среќен да ја освежи својата напаѓачка линија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот