Барди и Леванте никако да запишат триумф во шпанската „Ла Лига“

Енис Барди („Леванте“) настапи во второто полувреме во ремито против Осасуна/Фото: EPA-EFE/Juan Carlos Cardenas

И во 16 коло екипата на Леванте не успеа да победи и останува единствената и натаму без триумф сезонава во најквалитетната шпанска лига.

Денеска пред своите навивачи во Валенсија одигра само реми (0:0) без голови против составот на Осасуна.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди настапи од 67 минута како замена за Пепелу.

На табелата Леванте е последнопласиран со осум бодови, шест помалку од засега сигурниот во безбедната зона, тимот на Алавес.

Во следното коло Леванте на 11 декември ќе му гостува на Еспањол кој загуби минимално на гостувањето кај Рајо Ваљекано на нашиот голман Столе Димитриевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот