ВИДЕО: Мируваше мрежата на Димитриевски, Рајо Ваљекано подобар и од Еспањол

Рајо Ваљекано пред своите навивачи ја остварија осмата победа во „Ла Лига“/Мадрид, Шпанија/5 декември 2021/Фото: EPA-EFE/Chema Moya

Рајо Ваљекано продолжува со добрите игри оваа сезона во шпанската „Ла Лига“, денеска во 16. коло дома триумфираше над Еспањол со 1:0.

Кај домаќините целиот натпревар го одигра македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Во 54 минута беше постигнат единствениот погодок на мечот во Мадрид кога автогол си постигна Кабрера.

Ова беше осми триумф за играчите на тренерот Андони Ираола за моментно шесто место со 27 бодови, само четири помалку од второпласираната Севиља.

Во следното коло Рајо на гостински терен на 12 декември ќе му гостува на Виљареал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот