Балевски: Непотребно се прави паника, нема сериозни повреди кај лицата по громот кај Охридско езеро

Не е хоспотализирано ниту едно од 13-те лица кои пријавиле какви било тегоби или последици од случајот со ударот на гром што се случи денеска попладне кај Охридското Езеро.

Директорот на Општа болница Охрид Горан Балевски за МИА изјави дека непотребно се прави паника кај населението затоа што кај сите кои се пријавиле за интервенција во болницата не се констатирани никакви телесни повреди, освен кај четири лица кои имале лесни изгореници.

Повеќе од лицата кои дошле во болницата, како што вели тој, се пожалиле на стрес, по што им бил извршен специјалистички преглед и сите се пуштени дома. Некои од нив се пожалиле на проблеми со слухот и биле прегледани од специјалист и не им се констатирани никакви повреди.

Громот удрил на локалитетот „Оревче” во близина на плажата кај автокампот Градиште на Охридското Езеро.

Станува збор за лица од повеќе градови од државата, од кои четири се здобиле со изгореници на екстремитетите, додека другите воглавно биле без видливи повреди, но се пожалиле на тегоби од претрпениот стрес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот