Бала: Следната недела Прва меѓувладина конференција со Албанија, се надеваме и со Република Северна Македонија

Таулант Бала/Фото: МИА

Координаторот на пратеничката група на албанската владејачка Социјалистичка партија и генерален партиски секретар Таулант Бала изјави дека Првата меѓувладина конференција со Албанија „а се надева и со Република Северна Македонија, ќе се одржи следната недела 19-20 јули, што е добра вест”.

Бала учествува на меѓународниот симпозиум Symi што се одржува во Атина, а се обратил на панелот „Импликации од војната во Украина – Стратегија за унапредување на членството во ЕУ на земјите од Западен Балкан”, заедно со премиерот на Косово Албин Курти и претставници од другите земји од регионот.

-Но, да не заборавиме дека почетокот на преговорите за членство со уште две земји во регионот не е доволен во новите геополитички услови по неоправданата и неиспровоцирана руска агресија врз Украина, рече Бала.

Во својот говор, според агенцијата Балкан веб, Бала истакнал дека Берлинскиот процес веќе осум години е вистинскиот инструмент за нормализација на односите и соработката меѓу земјите од Западен Балкан а Отворен Балкан е неопходен инструмент за имплементација на терен на четирите основни слободи на ЕУ, гарантирајќи слободно движење на луѓе, стоки, капитал и услуги.

Според Бала, неодобрувањето визна либерализација за косовските граѓани од страна на ЕУ е „уште еден срам за кредибилитетот на ЕУ”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот