Бајиќ: Момците покажаа карактер, градиме стил на игра што ќе ја краси оваа репрезентација

Селекторот на кошаркарите Драган Бајиќ/Фото: КФСМ

Селекторот на „црвено-жолтите“ Драган Бајиќ смета дека резултатот не треба да биде пресуден на натпреварот против Шпанија, туку градењето на стил на игра која ќе ја краси македонската репрезентација во иднина.

Кошаркарската репрезентација на Македонија со пораз ги започна квалификациите за СП 2023 година. „Црвено-жолтите“ во премиерниот настап на едни мундијалски квалификациите во СЦ „Јане Сандански“ загубија од актуелниот светски шампион Шпанија со 65:94.

– Пред се сакам да и честитам на Шпанија за заслужената победа. Исто така благодарност до публиката што дојде во голем број за да не поддржи. Што се однесува до самиот натпревар, можам да бидам задоволен во голем дел од првото  полувреме, но она што го најавив и пред натпреварот, Шпанците имаат квалитет и го докажаа тоа во вториот дел. Генерално сум задоволен од првото полувреме, освен тоа што го барав од играчите – дека не смееме да брзаме и да ја губиме главата во нападот. Секогаш кога тоа ќе се случеше, противникот ги казнуваше нашите грешки. Шпанија влезе уште поагресивно во одбраната во второто полувреме, изнудија бројни грешки и стигнаа до убедлива победа. Резултатот не е толку важен, овие момци што ги тренирам покажаа карактер, а некои работи и недостатоци не можеме да ги корегираме за така краток период. Битно е да почнеме да градиме стил на игра што ќе ја краси оваа репрезентација во наредните години, затоа велам дека резултатот не е пресуден – изјави Бајиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот