Бајден: САД наскоро ќе испратат војници во Источна Европа

Путин Бајден Украина Русија
Владимир Путин, Џо Бајден / Колаж: Слободен печат. - Иван Самарџиев

Американскиот претседател Џо Бајден доцна синоќа изјави дека „наскоро” ќе испрати мал број свои војници во Источна Европа поради тензиите со Москва околу Украина.

– Наскоро ќе испратам американски војници во источна Европа и земјите на НАТО. Не многу, истакна американскиот претседател пред новинарите додека излегуваше од авионот по враќањето од патувањето во Пенсилванија.

САД веќе имаат 8.500 војници кои се ставени во подготвеност за зајакнување на НАТО силите.

Бајден повтори дека не станува збор за испраќање американски војници во Украина, која не е членка на Алијансата

Испраќањето војници во источните земји претставува дополнително средство за притисок врз рускиот претседател Владимир Путин, за кого САД веруваат дека може да ја нападне Украина следниот месец.

Британија в понеделник решава за заострување на санкциите против Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот