Бајден ги посети областите погодени од смртоносните бури

Џо Бајден ги посети областите погодени од смртоносните бури во САД/ Фото: ANDREW CABALLERO-REYNOLDS / AFP / Profimedia

Американскиот претседател Џо Бајден пристигна во Калифорнија во посета на областите погодени од серијата бури што предизвикаа огромни поплави, соборени дрвја и предизвикани одрони.

Бајден слета во Санта Клара придружен од шефицата на Федералната агенција за вонредни состојби (ФЕМА), Дина Крисвел, а потоа со хеликоптер направи обиколка на други локации погодени од невремето јужно од Сан Франциско, јавија британските медиуми.

Американскиот претседател, кој во саботата одобри федерална помош за трите тешко погодени окрузи во северна и централна Калифорнија, на федералниот аеродром Мофет беше пречекан од гувернерот Гевин Њусом и други официјални лица.

Се очекува Бајден да има средби во градот Капитол со сопственици на компании, локални жители и лидери на заедниците, како и со екипи за итна помош, а на плажата Сиклиф се очекува да има јавно обраќање.

Во текот на трите последни недели во девет бури класифицирани како „атмосферски реки” загинаа најмалку 20 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот