Бајачка требало да „растури магија“ во Битола, но самата магично исчезнала со златото

Фото: EPA-EFE/LUONG THAI LINH

Жена од Битола ѝ дала на бајачка златен накит, а за возврат таа требало да „ѝ растури магија“, информираат од битолската полиција. Но, лажната бајачка побегнала со накитот, без воопшто да ѝ бае на измамената битолчанка.

На 04.11.2021 во СВР Битола, 51-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно женско лице, кое ја довело во заблуда дека може да и растури магија доколку добие од неа златен накит кој подоцна ќе и го врати. Според пријавеното, пријавителката и дала три парчиња златен накит, по што лицето заминало и не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот