Леонард Прескот/FC Bayern

Баерн за вечерва нема голман – клубот побарал посебни дозволи за да настапи 16-годишно дете

Баерн вечерва од 21 часот ќе ја пречека Аталанта во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, а тренерот на баварскиот тим, Винсент Компани, има сериозни главоболки при составувањето на екипата.

Баерн првиот натпревар во Бергамо го доби со убедливи 6:1 и практично веќе обезбеди пласман во четвртфиналето, но најголем проблем за Компани претставува голманската позиција.

Повредени се тројцата први голмани Мануел Нојер, Свен Улрајх и Јонас Урбиг, како и голманот на У19 тимот Леон Кланац, што значи дека меѓу стативите би можел да застане 16-годишниот Леонард Прескот.

Прескот има 16 години и 176 дена и доколку навистина настапи, ќе стане најмладиот голман во историјата на Лигата на шампионите, уривајќи го рекордот на Мартен Вандевордт (17 години и 287 дена).

Сепак, за да може Прескот воопшто да биде во составот или на клупата воопшто, потребно е да помине и одредена процедура. Баерн најпрво мора да добие дозвола од државата, бидејќи според член 8(1) од германскиот Закон за заштита на младите, малолетни лица не смеат да работат по 20 часот. Со оглед на тоа што натпреварот почнува во 21 часот, Баерн веќе поднел барање за специјално изземање. Освен потписите од клубот и самиот Прескот, документот морале да го потпишат и двајцата негови родители и училиштето.

Но, дури и ако добие дозвола да биде на теренот или клупата во 21 часот, Прескот ќе мора да го напушти стадионот доколку натпреварот влезе во продолженија, бидејќи малолетници под никакви услови не смеат да работат по 23 часот. Сепак, такво нешто не е реално да се очекува бидејќи Баерн во првиот натпревар победи со 6-1.

Дополнително, законот предвидува и минимум 12 часа непрекинат одмор пред следното „работно време“, што значи дека Баерн би морал да ги оправда неговите часови во четврток, бидејќи тој нема да смее да оди на училиште.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот